Неколку дена откако Чави Ернандез призна дека неговата позиција како тренер на Барселона е „нестабилна“ по поразот во „Ел класико“, Роберт Левандовски и Ансу Фати осигураа неговиот тим да стигне до 3:0 победа над Вилјареал за попуштање на притисокот.
Шоуто го започна Левандовски, кој постигна два гола за само четири минути, негов 600. и 601. гол во кариерата, за да покаже дека беше вистинска инвестиција на претседателот Жоан Лапорта. Полскиот голгетер прво во 31. минута постигна прекрасен гол од свртување, за во 35. минута со уште поубав удар од далечина да зголеми на 2:0.
Шоуто го заврши Ансу Фати, откако тинејџерот во 39. минута стави точка на надежите на тимот на Унаи Емери дека е возможен брз камбек на „Ноу Камп“. Барса останува втор со 25 поени, три зад Реал Мадрид, додека „жолтата подморница“ е на деветтото место со 15 поени.
ЛА ЛИГА, 10.КОЛО
Барселона – Вилјареал 3:0
Алмерија – Џирона 3:2
Осасуна – Еспањол 1:0