„Кралскиот“ ураган ја зафати и Севилја

„Кралскиот“ ураган ја зафати и Севилја

пред 2 години

Реал Мадрид продолжува да победува во Ла Лига. „Кралскиот клуб“ и без капитенот Карим Бензема славеше против Севилја со 3:1 на „Сантијаго Бернабеу“.

Бензема не играше поради повреда, но ја покажа „Златната топка“ пред фановите, а тоа беше инспирација за соиграчите да одиграат уште еден одличен меч.

Лука Модриќ во петтата минута донесе предност за Реал, а Севилја израмни со голот на Ерик Ламела во 54.минута.

Тогаш Карло Анчелоти направи замени, го внесе во игра Лукас Васкез кој донесе нова предност во 79.минута.

Само две минути подоцна Федерико Валверде постигна прекрасен гол од далечина и го потврди триумфот.

Share
Scroll to Top