Песната „Ту ноч кад си се удавала“ е една од најубавите балади на „Прљаво казалиште“ и има тажна приказна. Се зборува дека Јасенко Хоура, лидерот на бендот, имал девојка во која бил многу вљубен и кога заминал во војска ја прашал дали ќе го чека. Таа потврдила. Но, Јасенко се вратил од војска и со бендот закажал свирка на една венчавка не знаејќи дека е венчавка на неговата девојка.
Во една верзија оваа приказна има поинаков крај. Недолго по венчавката девојката си пукала во глава поради неразјаснети причини. Jасенко ова никогаш го немаше потврдено, но никогаш не ја ни демантира легендата врзана за оваа песна.
Уште една преубава балада крие трагична љубов. Познатата „Бацила је све низ реку“ од „Индекси“. Се зборува дека тоа е приказна за големата љубов на Даворин Поповиќ и девојка од Сараево. Пред венчавката девојката абортирала и исчезнала. Многу години подоцна, на концерт во Шведска на Даворин Поповиќ му се причинило дека ја гледа од сцената, го оставил микрофонот и истрчал кон публиката. Сепак, не се сретнале оти таа се изгубила во метежот.
А како што се зборува и песната на Весна Змијанац „Чии оно сватови“ настанала по трагедија што му се случила на еден млад заљубен пар. Невестата, која била бремена, тргнала со сопругот на проба на венчаницата. Меѓутоа, на патот имале сообраќајна несреќа во која загинале двајцата.