Англискиот фудбалски судија Мајкл Грант починал од удар со топка во глава. Тој бил погоден на 19 октомври додека судел натпревар во средното училиште Слифорд. Доживеал крварење на мозокот и починал во болницата објавија медиумите.
„Целото фудбалско семејство изразува искрено сочувство до неговата сопруга, ќерка, внук и неговите пријатели. Изгубивме многу почитуван судија кој го работеше она што навистина го сакаше“, соопштија Фудбалската асоцијација на Линколншир.