Ракометарот Филип Талески вторпат стана татко. Со сопругата Ена ја добија нивната втора ќерка.
И покрај страста за ракомет, семејството му е на прво место. Со сопругата Ена со која е во брак од 2019 година, Филип за Репортер раскажа дека се запознале во Германија и вели дека тоа била љубов на прв поглед. Сега ја имаат ќерката Софија.
„Ена е поранешна ракометарка, па поинаку од другите ја гледа мојата игра. Таа ми е и најголема поддршка и најголем критичар. Но, се разбираме за сè, а блиска е и со мајка ми. Иако викаат дека снаа и свекрва не се сакаат многу, со нив тоа не е случај и постојано си помагаат една на друга. Јас сум голем гурман, имам неколку омилени јадења и ја научив Ена како да ги готви, па сега ги спрема подобро од мене“, изјави Филип за Репортер.
На социјалните мрежи честитка пристигна од сопругата на голманот Борко Ристовски, Нина.