Македонецот Томислав Георгиев со фотографија од Црн Дрим победи на меѓународен натпревар во Холандија

Македонецот Томислав Георгиев со фотографија од Црн Дрим победи на меѓународен натпревар во Холандија

пред 2 години

Томислав Георгиев, македонски фотограф победи на конкурс за најдобра фотографија од целиот свет во Холандија.

dobivaj vesti na viber

Конкурсот е распишан од Министертсвото за надворешни работи на Холандија, а темата била „Вода = Живот“.

Жирито при холандското МНРвели дека не била лесна одлуката за победникот, меѓутоа фотографијата на Георгиев ги инспирирала најмногу.

„Победникот не само што ни помогна да ги разбереме предизвиците со водата со кои се соочуваме, туку нè поттикнува да преземеме акција“, велат од жирито.

Станува збор за фотографија на која се гледа како човек ја чисти водата во Црн Дрим, а е направена на 3 септември годинава.

Share
Scroll to Top