Антонија Гиговска во креација на ЗЕРО на Огнен Анѓушев

Антонија Гиговска во креација на ЗЕРО на Огнен Анѓушев

пред 2 години

Со елегантен фустан, во светло сина боја и дијамантски сјај, пејачката Антонија Гиговска се појави на прославата на магазинот „Бекстејџ“ по повод 15 години постоење.

dobivaj vesti na viber

Пејачката го привлече вниманието во креација на Огнен Анѓушев од модната куќа Зеро. Беше и една од првите од јавните личности која се вклучи во нивната кампања и ги носеше нивните фустани.

Младиот дизајнер Огнен, неодамна заврши моден дизајн во Милано, на еден од најдобрите универзитети за мода во светот, Институтот „Марангони“. За потсетување, Антониа се прослави со учество во музичкото шоу „Пинкови ѕвездички“, а победи и на Макфест во 2018 година.