Нова пирамида во Египет направена од пластични шишиња и ѓубре

Нова пирамида во Египет направена од пластични шишиња и ѓубре

пред 2 години

Нова пирамида се појави во египетската пустина. Но, зад неговата изградба нема голема мистерија, точно се знае кој и како ја изградил. Тоа е дело на движењето наречено 100YR Cleanup – иницијатива на Zero Co, чија главна цел е да финансира големи расчистувања на ѓубре ширум светот во следните 100 години.

dobivaj vesti na viber

Тие веруваат дека се потребни точно 100 години за да се исчисти планетата од ѓубре. Истовремено, сакаат да ги поттикнат луѓето поодговорно и свесно да користат пластични предмети за еднократна употреба, кои ги загадуваат природните ресурси на целата планета. Пирамидата е изградена во текот на пет дена во западната пустина во близина на Каиро од милион пластични шишиња и друг отпад пронајден во реката Нил. Таа е повисока од просечната трикатна зграда, а тежи неверојатни 18 тони.

За да го прослави почетокот на иницијативата, но и да ги привлече луѓето да се вклучат во акцијата, иницијаторот на идејата Мајк Смит решил три дена да кампува на врвот на таа пирамида. 100YR Cleanup моментално е во процес на собирање 1 милион американски долари, што е сума за финансирање на првата година од чистењето. Се верува дека во првите 365 дена од акцијата ќе бидат извадени 15 милиони фрлени пластични шишиња од светските океани, од Хималаите и Египет, а ќе се формираат тимови за чистење во Австралија и Индонезија кои ќе го отстрануваат ѓубрето од природата секоја работен ден од неделата.

Share
Scroll to Top