Легендарниот камерунски фудбалер Самуел Ето даде прилично оптимистичка прогноза за Светското првенство. Ето е претседател на Фудбалскиот сојуз на Камерун. Оваа репрезентација ќе се натпреварува во Г-групата, против Бразил, Швајцарија и Србија.
Камерун, според прогнозите и обложувалниците е аутсајдер во Г-групата. Сепак, Ето смета неговата репрезентација без поголеми проблеми мине низ групата. Тој е толку голем оптимист што тврди дека Камерун може да го освои Мундијалот.
Интересна е прогнозата на Ето кој најавува африканско финале во Катар.
„Мароко ќе ја исфрли Шпанија во осминафиналето, потоа Португалија и Франција во полуфиналето. Што се однесува до нас, ќе бидеме подобри од Белгија во четвртфиналето и од Сенегал во полуфиналето“, изјави Ето.
Африканските селекции успеаја да стигнат до четвртфиналето само во три наврати – Камерун во 1990 година, Сенегал во 2002 година и Гана во 2010 година.
„Африка отсекогаш имала потенцијал да се претстави добро на завршниот турнир, но досега не секогаш сме покажале се што знаеме. Со текот на времето стекнавме повеќе искуство, па верувам дека тие нема да бидат само учесници, туку и дека постои капацитет да го освоиме трофејот“, истакна тој и дополни.
„Ние сме способни да го освоиме Светското првенство. Не ви требаат чудовишта или вонземјани за да го направите тоа, туку добра подготовка, ментална цврстина и лудило на теренот. Исто како Интер 2010 година“.
Камерун го игра првиот натпревар против Швајцарија.