Од 2025 година за милион долари ќе може да се живее на мегабродот на „Сторилајнс“

Од 2025 година за милион долари ќе може да се живее на мегабродот на „Сторилајнс“

пред 4 години

За сите љубители на море и океани компанијата „Сторилајнс“, со седиште во Мајами, од 2025 година планира да го пушти во употреба новиот мегаброд „МВ Наратив“ на кој ќе може да се живее за цена од милион долари. „МВ Наратив“ вреди 1,5 милијарда долари и е долг 230 метри со 547 приватни резиденции.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за првиот еколошки одржлив брод за приватен престој. Резиденции има од 22 до 183 квадратни метри и сите се на продажба. Цената им е од 1 до 8 милиони долари, а сопствениците ќе имаат можност да ги користат до животниот век на бродот. Од компанијата велат дека станува збор за околу 60 години.

Сите оние кои ќе платат ќе можат да го обиколат светот секои три години. Тргнувајќи од Хрватска, бродот ќе ги посети главните пристаништа низ светот во период од пет дена. На него ќе има различни ресторани, барови, пошта, училиште, библиотека, болница, банка, канцеларии, базени, кугларница, кино, вежбалници.

Ќе има и места за сончање и јога, патека за трчање, марина за пловни објекти и џет-скии. На него ќе го има и најголемиот велнес центар на море кој вклучува спа-центар, сала за вежбање и клиника против стареење во простор од 929 квадратни метри.

Share
Scroll to Top