Маргарита Грачева пред пет години останала без раце откако маж и ѝ ги исекол со секира затоа што се сомневал дека го изневерува. Веста за нејзината судбина ја потресе цела Русија. Сопругот Димитри прво се понудил да ја однесе на работа, а потоа свртел на друга страна кон шумата.
Ја извадил секирата од автомобилот ѝ ги пресекол двете раце. Потоа ја оставил во блиската болница во Серпуков во јужна Москва, па отишол во полиција и самиот се пријавил.
Нивната љубовна приказна почнала уште од средношколските денови. Потоа почнале да излегуваат додека биле на факултет. На почетокот биле среќни, иако Димитри бил човек кој брзо знаел да се промени и да стане бунтовен и насилен и за ситници. И се заканил дека ќе ја убие ако некогаш го изневери.
Кризата почнала кога Маргарита почнала да работи во рекламното одделение во еден дневен весник од Серпуков. И покрај дипломата, Димитри можел да најде работа само како возач на дигалка и почнал да станува љубоморен на нејзината кариера и нејзините колеги на работа. Кога ќе стигнел дома бил ладен и повлечен.
Кога Маргарита му рекла дека треба да се разделат на одреден период ја игнорирал. А кога му ги донела документите за развод, збеснал. Една ноќ ја нападнал во нивниот двособен стан. Ги разбудил и децата кои се исплашиле кога ги виделе модриците на нејзиното тело. Следен пат ѝ се заканил со нож, па го пријавила во полиција.
„Напишав исказ и му го дадов на дежурниот полицаец, кој ми рече дека ќе ми се јават за 20 дена. Им реков дека за 20 дена може да ме убие 20 пати“, рече Маргарита.
margarita gracheva with ex abusive husband pic.twitter.com/1MFqtbWKAI
— lola lolic (@gimmemoregossip) November 8, 2022
Пет дена откако нејзиниот случај бил отфрлен поради недостиг на докази, Димитри ѝ ги отсекол рацете. Нејзината лева рака била најдена во шумата, па лекарите по деветчасовна операција успеале да ѝ ја зашијат. Преку Kraudfanding кампањата се собрале шест милиони рубљи, околу 85.000 евра за протеза за десната рака која ѝ ја наместиле во Германија.
Прокурор запросил 17 лет для Дмитрия Грачева, отрубившего руки жене. Его обвиняют по статьям об угрозе убийством, похищении человека и нанесении тяжкого вреда здоровью. Грачев признал вину только по последней статье. pic.twitter.com/tUK6gN9eWW
— Телеканал 360° (@360tv) November 7, 2018
Маргарита по страшната судбина која ја доживеала, мислела дека повеќе никогаш нема да може да верува во љубовта и да најде нов маж во нејзиниот живот. Сепак успеала да го запознае Максим, со кого денес е во среќен брак. На почетокот само се дружеле и ѝ било потребно долго време пред да почне да му верува.
„Трпеливо ме чекаше и не ме притискаше. Не бараше да ја дефинираме врската. Верувам дека и затоа успеа. Моите два сина одлично се согласуваат со него“, рече Маргарита и додаде дека децата не знаат ништо за тоа како и зошто нивниот татко ѝ ги отсекол рацете.
„Знаат само дека е во затвор и тоа е тоа. Не го сметаат за татко“, рече таа.
Максим и Маргарита се венчале во 2020 година, а веќе во 2021 година ја добија ќерката Јарослава.
Потоа добиле и добри вести од Европскиот суд за човекови права, кој ѝ наложил на Русија да ја исплати отштетата за четири жртви на семејно насилство, меѓу кои е и Маргарита Грачева.
Според одлуката на Европскиот суд за човекови права, руската влада ќе мора да плати повеќе од 370.000 евра на Грачова за да ги покрие нејзините минати и идни медицински трошоци, како и за моралното и физичко страдање.
Во пресудата е наведено и за други три жртви на семејно насилство. Русинката Наталија Туникова, Јелена Гершман и Ирина Птракова исто така мораат да добијат оттштета од по 25.000 евра.
Маргарита рече дека најважно ѝ е тоа што во пресудата на Европскиот суд за човекови права ѝ е наложено на Русија да го усвои законот против семејно насилство.
„Не можам уште да славам затоа што Русија би можела да вложи жалба на пресудата. Среќна сум поради другите одлуки на Европскиот суд за човекови права. Се надевам дека нашата земја ќе го сослуша Европскиот суд и дека мерките за заштита на жртвите од семејно насилство ќе бидат спроведени“, додаде таа.
Освен што е активна на социјалните мрежи и е една од најгласните против насилство врз жените, Маргарита со своите објави со сопругот секојдневно ги воодушевува фановите.
Двајцата се сакаат како од првиот ден, а Максим својата сопруга ја гледа со многу нежности и љубов. Двајцата преку фотографиите покажуваат дека постои светло на крајот од тунелот и дека и по најлошите моменти во животот, треба да се верува во љубовта.