Вчеравечер во „Ѕвездите на Гранд“ првпат се натпреваруваше трансродова личност, Алина Јухарт (29). Таа ги испеа „Паметна и луда“ од Марија Шерифовиќ и „Лажу те“ од „Амадеус бенд“ па кажа дека дошла од Словенија за да пее во популарното шоу.
Таа доби шест гласа и можност да бира кој ќе ѝ биде ментор, па ја избра Марија Шерифовиќ, но таа ја одби.
„Алина, ти се храбра и решителна девојка, слободна личност која има право да сака како што сака, бидејќи тоа право никој не може да ти го ускрати. Но, јас не сум добар ментор за тебе затоа што не можам да се справам со тие ситни чувства, тоа го правам нервозно, гласно, грубо и не би можела да се справам со никого кој нежно би реагирал на тоа. Јас сум се што не си ти. Добредојде, Алина Кралице“, рече Марија, по што Алина ја избра Цеца за ментор.
Пејачката претходно на сцената излезе во црн фустан и штикли, со долга коса, па го збуни жирито, оти во апликацијата пишувало Алино Јухарт, па сите очекувале да пее машко.
„За мене е голема чест што сум овде. Јас сум од Словенија, од февруари живеам во Белград. Дојдов овде затоа што мислам дека Србија и целиот регион мора да запознаат жена како мене. Јас сум само една нормална личност која сака да сака, да биде сакана и да биде среќна како сите други. Сакам да го инспирирам секој човек да го живее својот живот и својата животна вистина. И сите вас ве обожавам, не ми се верува дека сум тука“, рече Алина по настапот.
Таа доби гласови од сите членови на жирито, освен од Босанац.
„Пееше правилно и убаво, но она што ми направи проблем, е што не знаев кој пол си, а имаш лирски тенор во убаво женско тело и тоа е едноставно диспропорција на моето разбирање на музиката. Само не знам како утре би ти одбрал песни, по кое музички правило за да биде добро, без да ме исмеваат. А што се однесува до твојата родова ориентација, јас те поддржувам“, рече Босанац.
Настапот на Алина почнува на 1:13:49.