Американска пита со спанаќ - Reporter.mk

Американска пита со спанаќ – Reporter.mk

пред 2 години

Потребни состојки:

За полнење:

5 чешниња лук, ситно сечкани
30 гр крупно сечкан коријандер
10 гр свежо благо црвено чили, грубо исечкано
2 лажички семки од ким, печени, здробени
1 лажичка блага буковка
60мл маслиново масло
1/2 лажица сок од лимон

За питата:

60 маслиново масло
2 големи кромида тенко исечени
350 гр спанаќ
15 гр крупно сечкан копар
1,5 лажички кора од лимон
обично брашно, за посипување
1 замрзнато лиснато тесто
130 гр фета сирење
1 компир

Начин на подготовка:

Ставете ги лукот, коријандерот, чилито, кимот, буковката, половина лажичка сол, мелен бибер и две лажици масло во процесорот за храна и измешајте додека не добиете мазна смеса. Ставете две лажици масло во голема тава на средно-силен оган, додадете го кромидот и пржете додека не омекне и порумени. Додајте ги спанаќот, лажичка сол и бибер и динстајте уште неколку минути за да се соединат. Тргнете од оган, додадете ја кората од лимон и оставете да се излади околу 20 минути.

Покријте ја тавата со хартија за печење. На малку набрашнета површина развлечете го лиснатото тесто и ставете го во подготвената тава, притискајќи го да одговара на основата и на страната. Основата избоцкајте ја со вилушка, па премачкајте ја со изладената смеса од спанаќ. Одозгора посипете фета, па ставете ја во фрижидер покриена најмалку 20 минути.

Исечете го компирот на тенки парчиња и наредете ги врз питата за да го покриете филот. Печете на 200 степени околу 50 минути. Послужете ја питата топла или на собна температура.

Share
Scroll to Top