Дуа Липа одби за пее на отворањето на Мундијалот во Катар

Дуа Липа одби за пее на отворањето на Мундијалот во Катар

пред 3 години

Дуа Липа ги демантираше информациите дека ќе настапи на свеченото отворање на Светското првенство во Катар. 27-годишната пејачка изјавила дека ќе пее во земјата само ако го подобри својот став за човековите права.

dobivaj vesti na viber

Претстојниот фудбалски турнир беше нарушен со контроверзи кои вклучуваат мигранти, работници и истополови врски. Третманот на ЛГБТК+ заедницата во Катар е причина за загриженост за поддржувачите кои се надеваат да отпатуваат во земјата за да го гледаат својот омилен тим од трибините.

По извештаите кои ја поврзуваат со настанот, Липа сподели изјава на Инстаграм.

„Во моментов има многу шпекулации дека ќе настапам на церемонијата на отворањето на Светското првенство во Катар. Нема да настапам ниту некогаш бев вклучена во какви било преговори за настап. Оддалеку ќе навивам за Англија и со нетрпение очекувам да го посетам Катар кога ќе ги исполни сите ветувања за човекови права што ги даде, кога го доби правото да биде домаќин на Светското првенство“, напиша пејачката.

Липа не е првата музичка ѕвезда која одбива да одржи концерти во Катар, и  Род Стјуарт откри дека одбил повеќе од милион долари за да настапи во земјата минатата година, пишува Гардијан.

Share
Scroll to Top