Македонскиот кик-боксер Бобан Илиоски стана европски шампион на Европското првенство што се одржа во Анталија, Турција. Во финалето тој го победи Христо Калајџиев од Бугарија.
Македонскиот кик-боксер имаше убедливи победи во сите борби и тоа со 3-0 ги победи Мартин Лоренц од Чешка и Борна Манојловиќ од Хрватска.
На Европското првенство во Анталија се натпреваруваше и Викторија Варадинова, која освои бронзен медал.