Телохранителот на Левандовски е исфрлен од Светско затоа што е нацист

Телохранителот на Левандовски е исфрлен од Светско затоа што е нацист

пред 2 години

Еден од телохранителите на полската репрезентација, Доминик Грухе е исфрлен од Светското првенство во Катар, затоа што е член на неонацистичка криминална банда вмешана во киднапирање, проституција и фашистички нереди. Грухе е и личен телохранител на капитенот на Полска, Роберт Левандовски.

dobivaj vesti na viber

Весникот „Виртуална Полска“ објави фотографија од него со фашистички поздрав, заедно со група мажи. Сите на маиците го имале Рудолф Хес, човек кој се сметал за десна рака на Хитлер. На една од маиците пишува и Skinhead, јасна асоцијација на нацистичко движење.

Според пишувањето на весниот, Грухе е дел од милитантни фашистички банди кои бројат преку 50 членови, а се занимава со разни незаконски работи. Грухе под притисок признал дека му се суди, но негирал дека судењето имало каква била врска за промоција на нацизмот и расната омраза.

Фудбалскиот сојуз на Полска го суспендираше Грухе, додека надлежните државни органи и служби не ја утврдат веродостојноста на овие вести.  За потсетување, Полска пред да дојде во Доха играа пријателски натпревар со Чиле. Потоа заминаа во заливската монархија, а на пат кон Катар беа следени од два воени авиони. Причината е неодамнешниот упад на две украински ракети на територијата на Русија.

Денес од 17:00 часот Полска игра против Мексико. Медиумите пренесоа дека речиси извесно е дека ваквите скандали ќе го погодат пред се најдобриот напаѓач во историјата на Полска, Левандовски, а потоа и целата екипа.

Share
Scroll to Top