Лева „никогаш не утнал на тренинг“ – Очоа: Знаев точно што ќе направи

Лева „никогаш не утнал на тренинг“ – Очоа: Знаев точно што ќе направи

пред 2 години

Ако помислите на некој фудбалер кој е „безмилосен“ пред противничкиот гол, еден од совршените примери би бил Роберт Левандовски. Но, ѕвездата на Барселона на својот втор Мундијал не успеа да го постигне првиот гол за Полска, откако на другата страна се сретна со мексиканската легенда, Гијермо „Мемо“ Очоа.

Левандовски ја имаше совршената шанса да донесе важни три поени за Полска во група во која се и Саудиска Арабија и Аргентина, но неговиот обид од белата точка заврши во рацете на Очоа. Полскиот селектор Чеслав Михневич вели дека е разочаран.

„Му кажав дека сочувствувам со него. Знам како е да си капитен кој ќе промаши пенал, а потоа нема да се стигне до победа. Тој беше емотивен. Вчера на тренинг, кога немаше нвинари, вежбааше пенали и не утна ниту еднаш. Но, се случува. И на најголемите. Зико, Сократес, Платини, Марадона… Тоа е фудбалот“, изјави Михневич.

Очоа пак, и така беше мексиканска легенда со својот петти настап на едно СП, но ова само ќе го зголеми неговиот статус меѓу фановите на „Ел три“. Тој беше скромен по мечот и изјави дека најодговорен за одбраната е тренерот на голманите, „професорот“ Густаво Пинеро.

„Работиме на пеналите со професорот Пинеро, така што знаевме точно што ќе направи Левандовски. Среќен сум што можев да помогнам да не загубиме“, вели Очоа.

Share
Scroll to Top