Легендарната пејачка и актерка Тина Тарнер го прославува својот 86-ти роденден. Во 1980-тите ја нарекуваа кралица на рокенролот, а нејзиниот живот беше полн со подеми и падови.
Тина е позната по неверојатната енергија што ја има до ден денес и хитовите кои се уште се слушаат. Инаку, Тина е родена како Ана Меј Булок во 1939 година, на 26 ноември, во американската држава Тенеси.
Нејзината мајка била работничка во фабрика, а нејзиниот татко бил баптистички министер. Меѓутоа, нејзините родители се развеле кога таа имала само десет години, а таа и нејзината сестра останале да живеат со нивниот татко, бидејќи нивната мајка се преселила во Сент Луис за да избега од тешкиот живот и семејното насилство кое со години го трпела од сопругот. Само две години подоцна, таткото на Тина повторно се оженил, ги оставил децата и се преселил во Детроит.
Во еден ноќен клуб Тина го запознала пејачот на тогаш популарниот бенд „The Kings of Rhythm“, Ајк Тарнер. Ајк и неговиот бенд редовно поканувале девојки од публиката да пеат со нив, а таа вечер ја поканиле и Тина која ги воодушевила со својот глас.
Под впечаток на нејзиниот настап, Ајк ја поканил Тина во нивниот бенд и таа станала нивен придружен вокал. На 18-годишна возраст, настапувала под уметничкото име Мала Ана.
Тина потоа почнала да излегува со саксофонистот Рејмонд Хил и останала бремена. Таа го родила синот Рејмонд Крег кога имала само 18 години. За жал, на 59-годишна возраст, на 3 јули 2018 година, нејзиниот син изврши самоубиство.
Врската со саксофонистот не успеа. Тина и Ајк се заљубиле и се венчале во 1962 година. Две години пред бракот Ајк и Тина го добиле синот Рони.
Кога се венчале, Ајк ѝ предложил да го смени името во Тина, а многумина велат дека тој тоа го направил за да има контрола и така таа никогаш да не стане позната како Малата Ана. Во интервју за Опра во 2013 година, Тина изјавила дека Ајк бил паметен со тоашто посакал таа да го смени името, бидејќи со тоа во суштина станал нејзин сопственик.
Ајк подоцна со години физички ја малтретирал Тина, толку многу што се обидела да се самоубие во 1968 година. Познато е дека постојано ја изневерувал и во исто време бил зависник од дрога.
Во 1976 година Тина побараларазвод од Ајк, а судот и дозволил да го задржи уметничкото име Тина Тарнер, кое и го дал Ајк. По разводот, Тина доживеала преродба, со светски хитови кои се слушаат и денес, меѓу кои и „Simply the Best“, а нејзината животна приказна била адаптирана во филмот номиниран за Оскар „What’s Love Got to Do with It“ од 1993 година.
Со приближување до четириесеттите години, имала проблематичен живот полн со тешки и понижувачки моменти зад себе, но ништо не можело да ја поколеба да почне од почеток. Во својата автобиографија „Јас, Тина: Мојата љубовна приказна“ таа директно го обвинува Ајк за постојана злоупотреба, болна посесивност и употреба на дрога.
Меѓутоа, во 1983 година се случила голема пресвртница во нејзиниот живот. Го објавува албумот „Let’s Stay Together“, кој постигна голем успех во Европа и стигна до шестото место на британските топ листи. Издавачката куќа „Капитол рекордс“ побарала снимање на нов албум, па „Private Dancer“ е снимен за рекордни 14 дена.
По таа година во 1984 година, ништо не можело да ја спречи Тина Тарнер. Награди, успеси, концерти, соработки со Брајан Адамс, Мајк Џегер, Ерик Клептон, Ерос Рамакоти.
По трауматичното брачно искуство, Тина немала сериозни врски. Меѓутоа, во 1985 година сè се менува. На аеродромот Тина го пречекува Ервин Бах, најпознатиот германски продуцент и директор на музичката компанија „ЕМИ“.
По една година врска, парот почнал да живее заедно. Прво живееле во Келн, а потоа во 1994 година се преселиле во Швајцарија на брегот на езерото Цирих. Ервин и Тина во 2013 година се венчаа.
Тина во 2016 година имаше проблем со бубрезите, односно почнаа да и откажуваат. Пејачката морала да бара донатор, а нејзиниот сопруг Ервин решил да и го донира својот бубрег.
„Ми кажа дека не сака друга жена и друг живот. И двајцата сме среќни и тој би направил се за да бидеме заедно што е можно подолго. Ме шокираше. Ми кажа дека сака да ми го даде својот бубрег. Бев преплавена со емоции. Тој е помлад од мене. Зошто би презел таков ризик само за да и даде на една старица уште неколку години живот? – Што ако еден ден има проблем со преостанатиот бубрег? Му реков: „Не си играј со својот живот. Мисли на својата иднина“. Ервин беше експлицитен: „Ти си мојата иднина, решив“ – наведува пејачката во својата автобиографија.
Тина и Ервин живеат скриено, далеку од медиумите, на релација Швајцарија и Франција.