Глумецот Кларенс Гилард Јуниор почина на 66 години. Беше познат по улогите во „Топ Ган“ и „Умри Машки“. Кларенс ја глумачката кариера и стана професор по филм и театар во Високата школа за ликовна уметност на Универзитетот во Невада. Универзитетот објави и официјално соопштение во кое се прости од него.
Глумецот боледуваше од долга и тешка болест, но деталите за неговата смрт не се уште познати.
„Професорот Гилард беше светлина и сила за сите околу себе. Кога и да го прашавме, ќе ни речеше дека се чувствува благословено. Но, ние бевме тие кои се чувствувавме благословено, затоа што бевме негови колеги и студенти толку години. Те сакаме и ќе ни фалиш професоре“, рекоа тие.
Кларенс зад себе остави сопруга и шест деца.