Новиот „Аватар“ на Џејмс Камерон ќе биде еден од најскапите филмови

Новиот „Аватар“ на Џејмс Камерон ќе биде еден од најскапите филмови

пред 2 години

Новиот филм „Avatar: The Way Of Water, на режисерот Џејмс Камерон, ќе биде еден од најскапите во историјата, пренесе The Hollywood Reporteru.

Буџетот се проценува да изнесува меѓу 350 и 400 милиони долари. И самиот Камерон во интервјуто за GQ, рече дека ова ќе биде најлошиот деловен случај во историјата на филмот.

Камерон ги опиша трошоците за производство на филмот како претерано скапи. Рече дека ќе биде еден од најсјапите филмови на сите времиња, покрај Avengers: Endgame и Of Ultron. Камерон тврди дека продолжението ќе стане трет или четврт филм со најголема заработка во историјата.

Засега, трет и четврт филм со најголема заработка на сите времиња се Star Wars: The Force Awakens и Avengers: Infinity War, кои инкасирале 2,05 милијарди долари и 2.04 милијарди долари.

Првиот филм „Аватар“ во моментов е филм со најголема заработка на сите времиња со 2,9 милијарди долари. Avengers Endgame е втор со 2,79 милијарди долари, додека „Титаник“, исто така во режија на Камерон е на третото место со 2,2 милијарди долари.

Камерон претходно рече дека многу порано би можел да ја заврши франшизата „Аватар“, ако новото продолжение нема да има добар учинок на благајните. Режисерот првично планирал да сними вкупно пет филмови, пренесе NME.

Share
Scroll to Top