Стружанецот Крежески ја објави најновата песна „Посилен од себе“, за која сними и мини-филм. Музиката, текстот и аранжманот се на авторот Коста Ранѓеловиќ, а на спотот работеше режисерот Андреас.
Во спотот глумат и актерите Стефан Кресовиќ и Кристина Недовиќ. Крежевски песната ја испеа на српски и се надева дека брзо ќе ѝ се допадне на публиката како во Македонија, така и пошироко.