Сопругата на Алек Болдвин, Хилариа, за првпат во интервју за Extru зборуваше за трагедијата која се случи за време на снимањето на филмот Rust во Ново Мексико. На сетот Болвин ја случајно ја застрела и усмрти снимателката Халина Хачинс со пиштол реквизит, а го повреди и режисерот Џоел Соуза.
„Не можеме да бидеме добро. Никој од нас не беше добро по тој ден“, призна Хилариа и додаде дека со сорпугот се немаат опоравено.
„Тоа беше и е трагедија која никој не ни можеше да замисли дека може да се случи“, рече Хилариа.

Со неа на интервјуто беше и ќерката Илариа Каталина Ирена, која се роди во септември. За потсетување, ФБИ во август ја заврши истрагата според која заклучи дека глумецот го повлекол чкрапалото на пиштолот со кој беше убиена Хачинс. И покрај тоа, Болдвин во повеќе наврати рече дека не е виновен.
Во октомври годинава беше договорена спогодба, а износот досега ниту една од страните го нема објавено. Со спогодбата заврши цивилната тужба која ја покрена семејството на Хачинс против Болдвин.







