Татјана Јанушева сликаше моден едиторијал за најновите колекции на Прада и Гучи

Татјана Јанушева сликаше моден едиторијал за најновите колекции на Прада и Гучи

пред 2 години

Македонскиот модел со интернационална кариера Татјана Јанушева во Милано сликаше едиторијал за модниот магазин Collector. За престижното списание Јанушева ги претстави новите колекции на модните гиганти Прада, Гучи, Спортмакс и Александар Мекквин.

Татјана неодамна се проби во светскиот моделинг со последната кампања за брендот Мис Сиксти.

Интернационалната кариера ја започна во соработка со JS’ Management од Белград под водство на Јелена Ивановиќ.

„Тоа беше сосема очекувано бидејќи нејзината убавина и совршените пропорции едноставно се вклопуваа во модните побарувања за интернационални модели“, велат од матичната агенција „Моделс ин менаџмент“.

Јанушева во моментов се спрема за новата сезона во Милано каде има договор со една од најдобрите светски модни агенции, NEXT Model Management.

Share
Scroll to Top