(Видео) Симон Трпчески играше оро во Ерменија, Македонија меѓу омилените на Јуниор Евросонг

(Видео) Симон Трпчески играше оро во Ерменија, Македонија меѓу омилените на Јуниор Евросонг

пред 2 години

Виртуозот на пијано, Симон Трпчески играше оро во арената во Ереван каде што утре ќе се одржи Јуниор Евросонг. Тој им се придружи на децата од неколку земји што ќе пеат во шоуто и им покажа како се игра правото.

„Македонија е меѓу омилените во Ерменија“, коментираат на социјалните мрежи и велат дека се воодушевени од енергијата на Лара, Јован и Ирина, ама и од тоа што светски познатиот пијанист се забавува со нив.

Трпчески, кој е татко на Лара, е еден од авторите на годинашната песна, „Животот е убав“, заедно со Дарко Димитров.

Инаку, денеска започна и онлајн гласањето на публиката, а секоја земја може да гласа и за себе. Гласањето завршува на 11 декември во 15:59 часот.

Преносот од Јуниор Евросонг почнува во 16 часот на МРТ1, а Македонија ќе настапи десетта.

Share
Scroll to Top