Аналитичари на малициозен софтвер од рускиот производител на антивируси, компанијата Dr. Web, открија голем број малициозни апликации за Android во продавницата на Google Play, кои беа преземени од повеќе од два милиони луѓе.
Апликациите откриени од Dr. Web се претставени како корисни услужни програми за оптимизација на системот, но во реалноста тие лошо влијаат на перформансите на уредот.
Една апликација истакната од Dr. Web која имаше милион преземања пред Google да ја отстрани од Play Store е TubeBox. TubeBox ветува парични награди за гледање видеа и реклами во апликација, но никогаш не го исполнува ова ветување, наместо тоа покажува грешки кога корисниците се обидуваат да ги откупат собраните награди. Истражувачите на Dr. Web велат дека се е во функција да ги задржи корисниците што подолго во апликацијата, гледајќи ги рекламите од кои заработуваат програмерите.
Покрај оваа апликација за рекламирање, во октомври во продавницата на Google Play се појавија и апликации Bluetooth device auto connect што имаше 1 милион преземања, Bluetooth & Wi-Fi & USB driver со 100.000 преземања, Volume, Music Equalizer што имаше 50.000 преземања и Fast Cleaner & Cooling Master со 500 преземања.
Овие апликации ги вчитуваат веб-страните според упатствата што ги добиваат од серверот, генерирајќи лажни прикази на реклами на заразени уреди.
Dr. Web, исто така, откри голем број апликации на Google Play за кои се вели дека се поврзани со руски банки и инвестициски групи, а секоја во просек има околу 10.000 преземања.
Овие апликации беа промовирани преку огласи во други апликации, каде што ветуваа поврат на инвестицијата. Сепак, апликациите водат до страници каде што личните податоци на жртвите се земаат со измама (фишинг).
За да се заштитите од лажни апликации на Google Play, секогаш проверувајте дали има негативни критики, внимавајте на политиката за приватност и не заборавајте да ја посетите веб-страницата на развивачот за да ја потврдите автентичноста на апликацијата.
Одржувајте го бројот на апликации инсталирани на уредот на минимум и периодично проверувајте дали функцијата Play Protect на Google е активна.