Почина Синиша Михајловиќ по три години борба со леукемијата

Почина Синиша Михајловиќ по три години борба со леукемијата

пред 2 години

По долга и тешка борба со тешката болест, почина легендарниот фудбалер и тренер Синиша Михајловиќ. Откако здравствената состојба наеднаш му се влоши во последните неколку дена тој денес почина опкружен со неговото семејство, пренесоа италијанските медиуми.

Трагичната веста ја потврдија и медиумите, но и други извори кои беа блиски до Михајловиќ. Од 2019 година се бореше со леукемија. Еднаш успеа да ја победи, но за жал повторно се врати. Пораки со поддршка за негово оздравување стигнуваа од разни места, од неговите поранешни клубови, соиграчи и членови од семејство.

„Не напушти човекот кој доминираше во Италија 15 години. По почетокот на кариерата во Борово, многу брзо мина во Војводина каде постигна 19 голови на 73 натпревари.

По трансферот во Ѕвезда, со добрите игри се пресели во Рома, за која настапуваше од 1992 до 1994 година. Потоа четири години престојуваше во Сампдорија, а уште шест во Лацио за кој играше на 126 натпревари и даде 20 голови. Кариерата ја заврши во Интер во 2006 година.

Продолжи да работи во истиот клуб како помошник тренер, а првиот ангажман потоа го имаше во Болоња, каде остана една сезона. Меѓу останатите беше тренер и на Катанија, Фиорентина, националниот тим на Србија, Сампдорија, Милан, Торино, Спортинг, а од 2019 година повторно се врати во Болоња.

Датумот и местото на погребот ќе бидат дополнително соопштени.

 

 

Share
Scroll to Top