Америкаснскиот борач без нозе, Зион Кларк го имаше своето деби во ММА, настанот Гладиjатор Челинџ: Кечос битс ММА кој се одржа во Сан Диего.
Кларк е роден со редок вроден дефект наречен каудален регресивен синдром, пореметување кое го нарушува развојот на долната половина од телото. Зион е роден без нозе, но тоа не го спречува да се натпреварува.
Противник му беше борецот Јуџин Мареј, кој има скор од 0-4. Мареј ги загуби сите борби со нокаут. За да ја гледаат првата борба на Кларк во живо, заинтересираните требаше да платат 20 долари.
Од објективни причини, беа направени мали промени во правилата на битката. На Мареј не му беше дозволено да ги користи нозете за да го удира и да задава удари со колено во глава.