Жената упаднала во домот на Роберт де Ниро и го ограбила, додека глумецот бил внатре. Во тоа Таа немала никаков контакт со него, оти во тоа време актерот бил на вториот кат од неговиот дом. Таа е една од петте најчесто апсени жени-провалници во областа во која ограбувала, пренесе „Си-ен-ен“.
„Таа веќе два пати беше уапсена овој месец под различни обвиненија за кражба во Њујорк“, изјавил полициски функционер за телевизиската куќа.
Според нив, њујоршките полицајци виделе жена како се обидува да ги отвори вратите на различни деловни згради на Апер Ист Сајд на Менхетен и потоа ја забележале како влегува и во станбените згради. Ја следеле и ја привеле на првиот кат од зградата, додека таа го ограбувала домот на Де Ниро.
„Околу 2:45 часот, полицајците уапсија 30-годишна жена во резиденција додека се обидувала да украде подароци и iPad. Вратата од подрумот на резиденцијата е искршена со знаци на насилен влез“, изјавил за „Си-ен-ен“ портпаролот на заменик-комесарот на Њујоршката полиција.
Жената е приведена со кривична пријава.