Младенци од Сплит направија свадбена фотосесија на плоштатдот додека се славеше бронзата на фудбалерите

Младенци од Сплит направија свадбена фотосесија на плоштатдот додека се славеше бронзата на фудбалерите

пред 2 години





Пар од Хрватска, направија свадбена фотосесија на плоштадот Рива во Сплит, во моментот кога се славеше освената бронза од хрватските фудбалери на Светското во Катар.

Ивана и Нино се венчале во саботата во црквата Св. Фране и како брачен пар излегле од црква токму во моментот кога Хрватска го освои бронзениот медал. Невестата облечена во бел фустан, младоженецот во костим одлучиле плоштатдот да биде нивно место каде ќе ја направат свадбената фотосесија помеѓу насобраните луѓе облечени во дресови на хрвтската репрезентација.

„Нашата свадба сите ќе ја паметат како денот кога Хрватска освои бронза, фантастично чувство“, изјавил парот за далматински портал.





Share
Scroll to Top