Фудбалерите на Мароко парите од Светското ќе ги донира за сиромашните

Фудбалерите на Мароко парите од Светското ќе ги донира за сиромашните

пред 2 години

Фудбалерот од редовите на мароканската репрезентација во фудбал, Хаким Зијеш (29) премиите од Светското првенство во Катар ќе ги донира за персоналот на тимот и за сиромашните во Мароко.

Зијеш донира пари уште од 2015 година. Новинарот Калед Бејдун кој постојано пишува за неговата хуманост пренесува изјава ан фудбалерот која ја дал во една прилика.

„Ќе ја донирам заработката од Светското првенство за сиромашни лица кои најмногу имаат потреба од тоа. Не избрав да играм за Мароко за пари, го направив тој избор од срце“, рекол Хаким.

По гестот на Хаким, цела репрезентација на Мароко одлучи да го следи неговиот пример и да ја донира заработката.

Share
Scroll to Top