H&M ја повлече колекцијата со ликот на Џастин Бибер од продажба, откако популарниот пејач им се закани дека ќе ги тужи. Бибер рече дека не ја одобрува линијата што вклучуваше маички со кратки ракави, џемпери, платнени торби и додатоци за телефони. Тој на Инстаграм објави слики од производите и на своите следбеници им препораа да не ги купуваат. Колекцијата ја нарече „ѓубре“ оти е пуштена во продажба без негово одобрување.
Од H&M изјавија дека тие како компанија ги следеле сите законски процедури, но од почит кон Џастин на негово барање, ги повлекле производите со неговиот лик.
Не е првпат некоја ѕвезда да тужи одреден бренд поради користење на нивниот лик без дозвола. Во 2015 година Ријана ја доби тужбата против Topshop, откако ја обвини компанијата дека продавала маички без ракави на коишто бил испечатен нејзиниот лик.