Баба Гоца 50 години има тезга на Зелено пазарче: Сама произведувам и сама продавам

Баба Гоца 50 години има тезга на Зелено пазарче: Сама произведувам и сама продавам

пред 2 години

Баба Гоца 50 години има тезга со зеленчук на Зелено пазарче во Скопје. Со насмевка и љубезност ги услужува муштериите продавајќи производи кои сама ги одгледува во скопско Јурумлери.

Од рукола, морков, магдонос и цвекло, па се до репки и тикви ќе најдете на нејзината тезга.

Вели имам многу добри муштерии, но тешко е да се стои на тезга. „И зиме и лето сум тука. Во зима никако не се топлам. Со повеќе облека на мене, така ги поминувам овие денови“, раскажа баба Гоца за Репортер.

Таа има 74 години, и цели 50 години во 7 часот е на тезгата на Зелено пазарче. Ја носи нејзиниот син, а после 3 часот се враќа дома со автобус.

Во производството на зеленчукот и помага синот, но претежно таа се грижи за она што го нуди на тезгата да биде природно и не прскано со хемиски средства.

„Сами произведуваме. Се е природно и домашно, и се сами продаваме“, вели таа.

Цените со години се исти и тешко се заработува, не е задоволна од продажбата ниту во овој предновогодишен период, вели пензионерите земаат пензија, но ја даваат на нивните внуци.

Во текот на неделата највеќе работа има за време на викендот, кога сите се послободни па доаѓаат да пазарат.

Габриела Додевска

 

 

Share
Scroll to Top