Хороскоп за 27 декември: Овенот се чувствува убаво, бикот е напнат

Хороскоп за 3 јануари: флерт и авантури за овенот, девицата проблем со финасиите

пред 2 години

Овен
Порано имавте големи очекувања од другите, сега работите се поинакви. Тоа што го очекувате, го очекувате од себе и сте многу позадоволни. Љубов: само флертување и авантури. Ништо сериозно во иднина. Работа: ситуацијата на работа не е лоша, само вие денес не сте баш расположени за работа.

Бик
Сè ви е тешко денес и на се наоѓате мана. Многу размислувате, а малку правите. Љубов: сомнежите се нагласени, но денес не е најдобриот ден да разговарате за тоа што ве мачи. Работа: не сте фокусирани на работата.

Близнаци
Денес можете да бидете непредвидливи и да се изненадите дури и самите себе. Внимавајте што зборувате, а особено кому го кажувате. Љубов:со партнерот понекогаш сте топли, а понекогаш ладни. Работа:можеби ќе треба да ги исправите туѓите грешки за ваше добро.

Рак
Некои безопасни ситуации можат да се претворат во општ хаос ако не го контролирате вашиот темперамент. Љубов: разбирањето и поддршката се приоритет во овој период. Работа:предизвик, но и разочарување.

Лав
Ако добро се организирате, сè ќе помине без проблеми, во спротивно нема да ви се допаѓа текот на настаните. Љубов: размислувате за патување кое сте го имале со саканата личност или веќе планирате ново. Работа: вашите идеи ја спасуваат ситуацијата во последен момент!

Девица
Не сте во најдобриот период кога се парите во прашање, затоа не трошете премногу. Доаѓаат подобри денови. Љубов:минатото ќе затропа на вашата врата кога најмалку очекувате. Работа:на работа гледајте само на себе и на сопствениот интерес.

Вага
Сега се ќе оди поглатко, па ќе почувствувате олеснување во однос на претходниот период. Љубов:недостасува поддршката од вашиот партнер, но тоа е нешто на што за жал сте навикнати секогаш кога ви е тешко. Работа:ако имате можност, останете дома.

Шкорпија
Под притисок сте, но си го наметнавте и сега не знаете како да се извлечете од се. Љубов: ги криете своите емоции, особено негативните. Работа:ќе привлечете внимание кон себе со својата работа и посветеност.

Стрелец
Чувствувате голема одговорност кон некои луѓе, но така треба да биде затоа што вие сте ја одбрале улогата на лидер. Љубов:се обидувате да му ги наметнете своите ставови на партнерот, но не успевате. Работа:полни сте со енергија кога се работи за работа и нови предизвици.

Јарец
Размислувате за деловни планови. Додавате неколку цели, испуштате некои ставки. Љубов:оние кои се во брак имаат впечаток дека партнерот е незаинтересиран и дека неговите емоции исчезнале. Работа:можни озборувања во работната средина. Не дозволувајте да ве вовлечат во неа и да ви го наметнат своето мислење.

Водолија
Стремете се кон совршенство и тоа е во ред, но мора да ја фрлите топката во одреден момент. Ништо не е совршено и вие добро го знаете тоа. Љубов:вие двајца не сакате ни да се разберете. Работа:бизнисот не смее да трпи и свесни сте за тоа, но понекогаш не можете да го контролирате бесот кон некои луѓе.

Риби

Сега може да излезат на површина некои нерешени ситуации, а најдобро би било да бидете дипломатски и да не зборувате премногу. Љубов: емотивно сте празни и имате впечаток дека немате што да и понудите на другата страна. Работа: дозволете времето да ви го донесе вистинскиот одговор.

 

Share
Scroll to Top