Јануари е резервиран за ракометна магија, а во пресрет на настапот на Македонија на Светското првенство, актуелните репрезентативци одиграа ревијален спектакл против легендарните ракометари кои во изминатите две и пол децении го носеа државниот дрес.
Победи младоста (25:21), се разбира, затоа што се подобро физички подготвени, но ветераните покажаа дека сѐ уште ја поседуваат магијата.
Ванчо Димовски потсети и на прерано заминатиот Адон Бошковски, а на крајот сѐ заврши со песна од Некст Тајм и Меморија.
Фото: Игор Паневски/Топспорт.мк