Лото играч од Германија добил 1 милион евра пред три години и сè уште не се пријавил да ги подигне

Лото играч од Германија добил 1 милион евра пред три години и сè уште не се пријавил да ги подигне

пред 2 години

Лото играч во германската покраина Саксонија-Анхалт ја пропуштил шансата да ја подигне својата добивка од 1 милион евра. Тој не се јавил три години откако неговото ливче било добитно.

„Победникот имаше рок од три години да ги подигне парите, но за жал, не го стори тоа“, изјавил Лото-Тото Заксен-Анхалт.

Рокот истекол на 31 декември во 23:59 часот.

„Се надевавме дека добитникот ќе се пријави, но за жал тоа не се случи“, изјави извршниот директор на Лото, Стефан Еберт.

Сумата сега се враќа во кутијата на специјални извлекувања низ земјава.

Наградата од 1 милион евра била извлечена на Лото 6aus49 во декември 2019 година во специјалното божиќно извлекување.

Среќниот добитник очигледно не го проверил лото тикетот, па веројатно не е ни свесен за својата добивка.

Share
Scroll to Top