Ромео Бекам (20), синот на поранешниот фудбалер Дејвид Бекам, потпиша договор со Б-тимот на англискиот клуб „Брентфорд“. Тој англискиот тим доаѓа од „Интер Мајами“, клуб кој е во сопственост на неговиот татко.
Ромео во „Брентфорд“ ќе остане до крајот на сезоната, по што ќе преговара за траен ангажман во клубот.
Претходно, Бекам за тимот од Флорида одигра 26 натпревари и постигна два гола. Настапуваше и во помладите селекции на Арсенал. Според фудбалските стручњаци, иако не е добар колку својот татко, има одличен инстинкт и може да игра на сите позиции во нападот.
✍️ Welcome to #BrentfordB, Romeo Beckham!
The 20-year-old joins on loan from Inter Miami until the end of the 2022/23 season#BrentfordFC pic.twitter.com/KPAmWsvCOk
— Brentford FC (@BrentfordFC) January 6, 2023