Стефан Савиќ и Феран Торес ги очекува суспензија од 4 до 12 меча откако вчера беа вклучени во зачудувачка боречка пресметка за време на жестокото дерби помеѓу Атлетико Мадрид и Барселона. Двајцата добија црвени картони во судиското продолжение и извештајот на судијата е брутален.
„Торес постојано го грабаше противникот за коса додека топката беше во игра“, стои во извештајот за однесување на напаѓачот на Барселона, Торес.
„Савиќ го држеше противникот за вратот со прекумернасила додека топката не беше во игра“, се вели во забелешката за Савиќ.
Според „Мундо депортиво“, доколку нивното однесување биде оценето како агресија или напад, тие можат да добијат казна од 4 до 12 меча, но многу е поверојатно да има казна од 2-3 меча за „насилно однесување“.
Getting to grips with Monday morning…pic.twitter.com/1SIKlulGPT
— Football España (@footballespana_) January 9, 2023