(Видео) Филип Миркуловски: Германците не ми дозволија да бидам со репрезентацијата на Светско

(Видео) Филип Миркуловски: Германците не ми дозволија да бидам со репрезентацијата на Светско

пред 2 години

Поранешниот ракометен репрезентативец, Филип Миркуловски лани беше помошник-тренер во репрезентацијата, но оваа година не е со стручниот штаб на Светското првенство, бидејќи не го пуштија од неговиот клуб „Ветзлер“. Филип до неодамна беше ракометар во германскиот клуб, а сега е помошник-тренер. Поради обврските кон матичниот клуб, тој не доби дозвола да патува со македонската репрезентација

„Тоа беше идејата кога дојде Кире како селектор, да се вратам во репрезентацијата и да му бидам помошник, но тоа не се оствари. Не ме пуштија од ‘Ветзлер’, бидејќи ова ми е прва година како тренер. Имаме и некои проблеми во Бундес лигата, немаме доволно бодови, па мора да се тренира и работи. Нема лабаво со Германците“, рече Миркуловски во интервју за „Репортер“.

Иако цел живот бил играч, ни откри дека добро се снаоѓа и како тренер. Вели, не му било тешко да стекне авторитет кај ракометарите со кои до пред неколку месеци играл заедно.

„Таму се културни момци, кои имаат почит кон мене. Кога бевме играчи, се дружевме, но сега кога станав тренер, мора да сум на дистанца баш поради тој авторитет“, додаде Филип.

Share
Scroll to Top