Лука Дончиќ го загуби судскиот спор против својата мајка

Лука Дончиќ го загуби судскиот спор против својата мајка

пред 2 години

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ го загуби судскиот спор со неговата мајка и го повлече барањето испратено до Канцеларијата за патенти и поштенски марки во САД со кое сакаше да регистрира свој бренд „Лука Дончиќ“. Но барањето на НБА ѕвездата било одбиено зашто веќе постоел бренд „Лука Дончиќ 7“, а е во сопственост на неговата мајка Мирјам, која не сакала да се откаже од правата.

Во тужбата Дончиќ објаснил дека тој не е поврзан со брендот на неговата мајка и не го одобрува пуштањето во продажба производи со неговото име. Тој објаснил и дека бил премлад кога се регистрирал брендот и не знаел што да прави, па сè било препуштено на неговата мајка. Мирјам управува со брендот од 2018 година, сезоната кога Дончиќ пристигна во НБА лигата.

„Растам како играч и личност, затоа ми е важно да го контролирам мојот сопствен бренд“, рекол Дончиќ кога ја поднел тужбата против мајка си.

Судот сепак пресуди во корист на неговата мајка, па таа и понатаму ќе го контролира брендот „Лука Дончиќ 7“.

Share
Scroll to Top