Овен
На работното место ви се советува да се чувате од провокации и од импулсивност. Во спротивно, проблемите се неизбежни. Нервозни сте, па сето тоа уште повеќе ја влошува ситуацијата. Каде е тенко таму се кине. Во љубовта на повидок е нова врска, но вие сте избирливи во љубовта.
Бик
Се наоѓате во период кога од вас ќе се бара приспособување на околностите. Ќе размислувате и за некоја преселба. На работното место влеговте во мирен период. Ќе се најдете во ситуација да им помагате на помалку успешните соработници. Прекумерното консумирање храна лошо се одразува на вашиот организам.
Близнаци
Доколку постојано се напрегнувате, мора да се контролирате. Бидејќи не сте способни да управувате со себе, ќе бидете склони кон кавги и ексцеси. На работното место, конечно, може да здивнете. Повеќето Близнаци ги очекува заслужен период на релаксација и олабавување.
Рак
Сонувате на јаве. Тешко ви е да ја прифатите реалноста, која ни малку не ги исполнува вашите очекувања. Ако сакате да постигнете работен успех, жртвувањето е неминовно. Во почетокот не е лесно, но стрпете се, успехот нема да изостане. Здравствените проблеми ќе ги совладате доколку навреме им посветите внимание.
Лав
Иако сте опкружени со многу луѓе, сепак, сте индивидуалист. Многумина од вас ќе побараат совет. А кому да му се пожалите? Мудро ќе влетате во нови работни потфати. Сфаќате дека нема што да изгубите. Кој ризикува тој и добива. Бидејќи не умеете на правилен начин да ја трошите енергијата можни се здравствени проблеми.
Девица
Импулсивни сте и реагирате во афект. Зошто сте толку напнати и нервозни? Можеби околностите не се така лоши како што изгледаат? На работното место се појавија некакви проблеми. Работата моментно е во застој. Додека се обидувавте да им помогнете на другите, помошта ви е потребна вам.
Вага
По долгите проблеми влеговте во мирен период. Чувствувате дека сте духовно и интелектуално стабилни. Сите акции се во рамнотежа. На работното место ќе добиете унапредување, кое подолго го чекате. Ако се земе предвид дека убавите работи пристигнуваат во вистинско време, славенички сте расположени.
Скорпија
Влеговте во среќен период. Добро сте расположени, иако за тоа немате некои конкретни причини. Во работата ситуацијата е ваква – или многу работите или сте без работа. Слаба точка на организмот се жлездите со внатрешно излачување. Бидејќи се поврзани со вашето расположение, лесно ќе го ублажите овој проблем.
Стрелец
Се чувствувате болно. Се’ што се случува околу вас го доживувате емотивно. На работното место се’ добро почна, но од парите ништо. Вложивте премногу напор и на крај останавте на нула. Можни се некои стомачни проблеми. Внимавајте на исхраната. Во љубовта со партнерот ќе влегувате во вербални расправии.
Јарец
За големо чудо не се чувствувате лошо. Сите околу вас се нервозни, а вие мртви ладни. На работното место нема да се случува ништо спектакуларно. Ќе размислувате да дадете отказ и да тргнете од почеток. Ви се советува да внимавате и да не седите на провев.
Водолија
Се наметнува желба да се наметнете во нешто за што не сте способни. Мора да бидете објективни спрема себе доколку сакате од моментната ситуација да го извлечете максимумот. Во работата премногу ќе се внесете, но некои соработници ќе се обидат да ви попречат во работата. Не обрнувајте им внимание.
Риби
Романтично сте расположени. Бидејќи слободното време го минувате во друштво, убаво се чувствувате. Сфативте дека она од што се плашевте е самотијата. Дали сте знаеле дека сите проблеми потекнуваат од вашата глава? Негативните мисли може да ви го загрозат здравјето, затоа напред со позитивни мисли.