Пејачот Шон Мендес заљубен во 27 години постара докторка

Пејачот Шон Мендес заљубен во 27 години постара докторка

пред 2 години

Шон Мендес е во врска со Џозелин Миранда, позната американска киропрактичарка, која и е негова докторка кога пејачот оди на турнеи. Тие се неодамна фотографирани како влегуваат во неговата куќа во Лос Анџелес, а последниве месеци неколку пати биле и на ручек.

Веќе подолго време американските медуми пишуваат дека Мендес (24) и Миранда (51) се во тајна врска. Близок пријател на пејачот за „Пипл“ неодамна кажа дека Мендес е повторно заљубен, но не откри дали тој навистина се гледа со 27 години постарата докторка.

Поради својата специјализација за биомеханика и биодинамика, Миранда е многу позната меѓу американските пејачи, актери и спортисти, а нејзините медицински услуги ги користеле Џастин и Хејли Бибер, Кендал Џенер, Џастин Тимберлејк, Омар Аполо, Блејк Грифин. Таа била официјален доктор и на летната кошаркарска лига Биг три самер баскетбол.

Мендес, пак, неколку години беше во врска со пејачката Камила Кабељо. Двојката живееше заедно, но раскинаа среде корона.

Share
Scroll to Top