Обожавателка на британската пејачка Адел, со другарки отпатувала во Лас Вегас на нејзин концерт за да го прослави разводот.
33-годишната Ребека Феинглос неодамна се развела од нејзиниот сопруг по шест години брак, па заминала на концерт со 13 пријателки да го прослави разводот, а приказната ја сподели преку видео на Тик ток.
Ребека на главата носела тијара со натпис „разведена женска“, а во рацете држела транспарент на кој пишувало „Ми помогна да го пребродам разводот“ и ѝ објаснила на пејачката дека на нејзиниот концерт го слави разводот.
„Држете се за вашите пријатели бидејќи тие се подобри од кој било маж или жена. Вашите пријатели се со вас доживотно”, рече пејачката.
Да потсетиме, Адел се разведе од Сајмон Конецки во 2019 година, а јавно проговори и откри како во тој период се спријателила со Џенифер Лоренс и Никол Ричи, кои ѝ помагале во текот на целиот процес.
@rfeinglos I threw myself a newly UNwed party in Vegas with my closest friends— and we made Adele cry… Really though: Divorce is a long, emotional, and stressful process. We talk about the trauma of toxic relationships, but we don’t get real about divorce. It can be traumatic, too. Mine certainly was. And I’m so glad it’s over. This past weekend, my 14 best girlfriends and I went to Las Vegas not only to celebrate my divorce, but I wanted to celebrate THEM for standing by my side during one of the most difficult times of my life. So. No more “failed marriage” talk. No more divorce shame. Let’s CELEBRATE leaving relationships that aren’t good for you. And, let’s remember Adele’s advice: “Keep your friends close to you, because they’re better than any man…” #divorce #divorcetok #grief #griefjourney #adele ♬ original sound – Rebecca Feinglos