Реалити ѕвездата Ким Кардашијан потрошила повеќе од 182.000 евра за приврзок што некогаш го носела принцезата Дијана. Станува збор за крстот Аталах кој беше на аукција во Лондон.
Приврзокот е изработен од дизајнерот на луксузен накит Гарард во 1920-тите, а принцезата Дијана го носела во неколку наврати.
Приврзокот најмногу остана запаметен кога Дијана го носеше во 1987 година, а многумина коментираа дека тоа е најнеобичното парче што принцезата некогаш го носела.
Крстот има вкупна тежина на дијамант од приближно 5,25 карати. Ким и порано била заинтересирана за стари модни предмети. Во 2011 година, реалити ѕвездата платила 60.000 евра за три златни и жад нараквици кои и припаѓаа на актерката Елизабет Тејлор.
Таа во 2017 година купила часовник „картие“, кој своевремено го поседувала Џеки Оназис, сопругата на поранешниот американски претседател Џон Кенеди, за 350.000 евра, пишува „Скај“.
Ким на минатогодишната Мет Гала го носеше и познатиот фустан на Мерлин Монро, кој го купила за неверојатни 4,8 милиони долари.