Полицијата во Калифорнија потврди дека го пронајде автомобил на глумецот Џулијан Сендс, кој исчезна минатата недела. Автомобилот е пронајден во близина на местото каде што Сендс бил пријавен за исчезнат. Тој последен пат е виден во планинскиот венец Сан Габриел, кој се наоѓа северно од Лос Анџелес. Оваа планина е многу опасна, па дури и искусни планинари доживуваат несреќи.
Според локалната полиција, пребарувањето на областа морало да се одложи поради неповолните временски услови, но дека и понатаму трае.
Веќе неколку дена нема нови информации или пријави од сведоци за тоа каде би можел да се наоѓа, Сендс, пренесе „Би-би-си“.
Се претпоставува дека актерот бил во движење уште 48 часа откако бил пријавен за исчезнат, бидејќи му се менувала локацијата на телефонот, поради што на полицијата ѝ е потешко да го лоцира.