Сајтот DownDetector детектира проблеми во работењето на бројни услуги на Microsoft, а проблемите ги пријавуваат корисниците ширум светот.
Како што сугерира DownDetector, Microsoft Teams, Microsoft 365, Outlook.com и Microsoft Store се соочуваат со проблеми со перформансите.
We’ve identified a potential networking issue and are reviewing telemetry to determine the next troubleshooting steps. You can find additional information on our status page at https://t.co/pZt32fOafR or on SHD under MO502273.
— Microsoft 365 Status (@MSFT365Status) January 25, 2023
Покрај тоа, проблеми беа забележани и на услугата Xbox Live, како и во популарната игра Minecraft.
Мајкрософт објави на Твитер дека е свесен за ситуацијата и во моментов работи на идентификување и решавање на проблемот.