Во новото издание на магазинот Венити Фер посветено на светките икони, легендарната пејачка се трансформираше во Мајка Богородица и на нејзините гради стави срце прободено од меч со златен вез. Пејачката исто така преработила и сцени од „Тајната вечера“, преземајќи ја улогата на Исус кој стои на раскошно ќебе додека следбеници паѓаат пред нејзините нозе.
Во ова специјално издание, Мадона повторно станува Мадона: Икона. Не само олицетворение на музички тренд или стил на облекување, туку фигура колку што е вознемирувачка, толку и света – вели уредникот на францускиот Венити Фер. Но не расмислуваат сите така па повеќето кометри на Твитер беа негативни.
„Таа ќе оди во пеколот“, „Одвратно“, „Зошто оваа бледо бела вештерка не може да го остави христијанството на мира?“, „Ова е толку непочитување“, пишуваат на Твитер.
За потсетување, мадона во еден од последните спотови беше скора гола и имаше лезбиски сцени. Секојдневно таа во јавноста објавува фотографии со кој ја провоцира јавноста.