Снег падна во пустинските области во југозападниот дел на Алжир, прв по 11 години, пишуваат локалните медиуми. Ова е и прв студен бран во регионот Башар по два месеца, каде што претходно владееше суша.
Поради снегот затворени се и неколку локални патишта.
Во Алжир, климатските аномалии зачестија во последната деценија. Во градот Аин Сефра, каде што ретко паѓа снег, забележан е во 1979, 2016, 2017, 2018, 2021 и 2022 година.