Дванаесетгодишната Рајан Кира Армстронг е номинрана за „Златна малина“, за улогата во филмот Firestarter. Филмот е адаптација на романот на Стефан Кинг од 1980 година, а Кира беше номинирана за најлоша глумица. „Гардијан“ напиша дека никој не знае што прави девојчето во филмот.
Roling Stone го прогласи филмот за катастрофа, а беа благи со критиките за Рајан.
„Армстронг даде сè од себе во оваа улога која е невозможно човек да ја глуми“, напишаа тие. По номинацијата организаторите беа критикувани од фановите и глумците.
„Ова е доказ дека се бездушни. Номинираа 12 годишно девојче за најлоша глумица. Да не бевте вие можеби ќе пораснеше во врвна глумица“, рече глумецот Девон Сава.
„Златна малина е злобна награда. Одвратно е и погрешно што номинираа дете за најлоша глумица. Ја изложувате на ризик од булинг или нешто полошо“, напиша Жулиан Хилард.
Се огласи и коосновачот на наградата Џон Вилсон и објасни зошто ја номинирале за најлоша глумица. Рече дека околу 1100 членови гласале за Кира и откако се нашла на петтото место, разговарале дали треба да се најде меѓу номинираните заради годините.
„Гледам дека ова може да се протолкува како злобен потег, но ние не мислевме така. Мислам дека луѓето без причина се вознемируваат. Целиот овој гнев е интересен, можеби дури и оправдан, но мислам дека сето ова е претерано. Па тоа е само ‘Златна малина’“, рече Вилсон.