Бизнисменот Дејл Чејни се фрлил од 54 кат од зграда во Њујорк. Вечерта престојувал во познат бар, кој се наоѓал во зградата на истиот кат, а како што пренесоа медиумите, ден претходно ѝ побарал развод на сопругата. Инцидентот се случил во средата во 18:30 часот по локално време.
Полицијата соопшти дека Дејл починал на лице место.
„Во моментов проверуваме дали станува збор за самоубиство“, рече портпаролот на полицијата и додаде дека во 2008 година двапати имале пријава за семејно насилство и дека парот главно се расправале за финансии.
Чејни во 2013 година ја основал компанијата T-street capital, која се занимава со капитални вложувања и стратешки инквизиции. Исто така бил член на одборот и инвеститор во шест компании во четири различни држави, стои на неговиот профил на Linkedin.
Магистрирал деловна администрација на Универзитетот Харвард. Со сопругата и децата живеел во шестособен стан во Конектикат, чија вредност е проценета на околу 3,8 милиони долари. Непосредно пред да се случи трагедијата, две лица кои го виделе во барот, тврдат дека самиот скокнал.
Едниот од нив повикал итна помош. Чуварот на паркингот рече дека само слушнал силен удар.
„Сите беа неровзни. Слушнав како една жена рече дека некој скокнал од зградата“, рече тој.
Новинар од „Њујорк пост“, рече дека непозната жена му отворила кога отишол да ја побара сопругата да земе изјава. Му рекла дека Лорин не била дома. Се огласи и Том Блундел, сопственикот на барот од каде Дејл скокнал.
„Шокирани сме од несреќата која се случи вечерта на кровот на нашиот бар. Сите сочувствуваме со семејството и пријателите“, рече Блундел и додаде дека цело време соработуваат со полицијата.
„Безбедноста и добробитот на нашиот колега и гостите ни се на прво место и тоа секогаш ќе ни биде приоритет. За да не се повторат вакви ситуации од сега вратите кои водат до кроват секогаш ќе ги заклучуваме“, рече Блундел.
Ова е вторпат во последните четири месеци некој да скокне од истата зграда. Во октомври манекенката Елизабет Гаглијевски од Квинс исто така скокна. Таа се фрли од балконот на 27 кат. Персоналот се обидел да ја спречи, но не успеаа.
„Беше добра личност и слатко дете. Беше полна со љубов и многу грижлива девојка“, рече нејзиниот вујко.