Внукот на Мајкл Џексон ќе го глуми легендарниот пејач во биографскиот филм

Внукот на Мајкл Џексон ќе го глуми легендарниот пејач во биографскиот филм

пред 2 години

Џафар Џексон внук на Мајкл Џексон ќе го глуми кралот на попот во биографскиот филм. Како што пишува Гардијан, филмот наречен „Мајкл“ ќе биде првата голема филмска улога за 26-годишниот Џафар, син на Џермејн Џексон, постариот брат на Мајкл и поранешен член на групата Џексон 5.

„Џафар ќе го отелотвори мојот син. Прекрасно е да се види како ја продолжува линијата на забавувачи и изведувачи во семејството Џексон“, изјави Кетрин Џексон, мајка на починатиот крал на попот.

Мајкл Џексон почина во 2009 година на 51-годишна возраст.

Продуцентот Греам Кинг, кој ја имаше истата работа во филмот „Боемска рапсодија“ за оскаровецот Фреди Меркјури, рече дека тимот зад „Мајкл“ го барал светот за актер кој ќе го игра Мајкл, а пред тоа одлучиле дека тоа треба да биде Џафар.

„Го запознав Џафар пред две години и бев воодушевен од тоа колку добро го отелотвори духот и личноста на Мајкл Џексон. Толку е моќен што и по потрагата по актер низ целиот свет, тој остана единствениот вистински избор за улогата“, изјавил Кинг.

Share
Scroll to Top